Иван Михајлов- идеја одмазда и државност

//

Пишува: Владимир Перев за БГНЕС

Да се родиш пред цели 125 години во штипско Ново село и цели сто години твоето име да биде истовремено почитувано, омразено но сепак споменувано, значи дека можеш да бидеш задоволен од твоето прибивавање на овоземниот свет. Затоа, Иван Михајлов-Радко, кој ја почнува својата житејска кариера како еден од повеќето лидери на ВМРО, успева во текот на својот живот да стане симболот на македонските бугари во нивната борба за слобода од српската денационализаторска, националистичка и комунистичка агресивна политика кон македонското население. Со дејствијата на ВМРО под неговото раководство, тој станува симболот на отпорот кон србизирањето на македонскиот народ, а истиот тој народ го чувствува како свој ангел-закрилник, како одмаздник за сите сторени неправди и беззаконија на србската полиција и солдатеска врз македонската земја и народ.
Иван Михајлов го посејува семето на гордоста и достоинството на поробениот, но непокорен народ и прв, апсолутно прв, јасно и гласно ја посочува нужноста од постоењето на независна македонска држава, држава на слободни и рамноправни народи, држава со сопствена администрација, политика и меѓународни обврски. Неговата визија е визијата на мнозинскиот народ на македонските бугари, заедно со другите народи во Македонија, на апсолутно рамноправна основа, да формираат и опстојуваат во држава која во себе ќе ги содржи ценостите на Западната цивилизација, секогаш блиски до демократските достигнувања на Западниот свет.
Србските окупатори на Македонија, во спроведувањето на својот национален, јазичен и културолошки империјализам со сериозни фашистички примеси, жестоко се спротиставија на таа идеја, одговорија со насилие, за потоа ВМРО и Михајлов да одговорат со жестока одмазда. Таа титанска борба, таа одмазда проследена со бројни атентати и саможртви на најдостојните синови на македонските бугари, ја воздигна организацијата и ликот на Михајлов во висини на легендите, за бабите и дедовците на своите синови и внуци, навечер, при затворени врати и прозорци, тивко да им ја прераскажуваат историјата на безкрајната, безпоштедна борба во слава на честа и слободата. Жртвите и саможртвите секогаш беа споменувани со пиетет.

На трагичната дата 19 мај 1934 година, со државен удар во Бугарија, заврши борбата за слобода на македонските бугари. Вековните бугарски непријатели, руските империјалисти олицетворени низ советската НКВД, со логистика на српските структури во Бугарија, извршија државен удар, дело на предавниците на бугарската национална кауза во самата Бугарија.
Многуславената слобода по завршувањето на Втората светска војна, по иронија на судбината, донесе вистинско робство за Бугарија и Македонија. Просоветските србомакедонски и бугарски комунисти, во демократските идеи на ВМРО и Михајлов, ја видоа основната опасност за своето владеење. За да се уништи идејата за слобода и самостојност, ВМРО беше прогласена за фашистичка а Ванчо Михајлов за фашист. Потоа се премина на уништување, на погром на луѓето, на цел еден народ. Без суд и пресуда беше ликвидиран цветот на македонската интелигенција. Жестокото убиство на 53-та велешани, безумните убиства и колежи во Куманово, Прилеп, Битола, Ресен и низ цела Македонија, го сковаа народот во невиден страв а меѓународната заедница беше слепа и глува за настаните. Реагираа покасно, кога насилијата веќе изгубија од својот замав.
Теророт ги зеде и своите жртви, како д-р Богдан Попѓорчев, за потоа цели семејства да лежат по затворите на Југославија, од Идризово до Добој. Петмина од семејството Коцареви од Охрид лежат по затворите и лагерите на Титовата Југославија, тука се и петмина од семејство Светиеви од Битола, кои дават и една жртва, Стефан Светиев.
Затворите се полнат со патриотите-следбеници на Иван Михајлов, обвинувани како “македонски бугари“ и судени на долги затворски казни. Идризово е преполно. Таму се потписниците на меморандуми до великите сили како Константин Хрисимов, Илија Чулев, Димитар Златарев, Стефан Кузманов и другите од нивната група. Стрелан е д-р Константин Терзиев, а затворени се д-р Васил Иванов, пријателот на Лав Троцки и д-р Константин Тренчев. Во Идризово е и внукот од брат на основачот на ТМОРО д-р Христо Татарчев, д-р Асен Татарчев, кој е затвореник и во кралската Југославија. Тој е најкоравиот бугарин кого јас сум го сретнал во мојот живот, непомирлив борец за слободата на македонските бугари. Таму е и д-р Петар Брдаров, пријателот на Иван Михајлов, а меѓу сите се издвојуваат херојските фигури на Георги Гоцев и д- Васил Иванов…списокот е бескраен. Не се поштедени нито младите, демократски ориентирани луѓе како што е Темелко Нешков, кој во неколку наврати е апсен и тормозен лично од Лазар Мојсов. Во еден момент меѓи 1945 и 1948 година во затворите во Македонија се сите лекари, адвокати и економисти, под обвинение дека се ванчомихајловисти…само тоа е точно ви нивните обвинителни акти. Се друго, дека биле фашисти, терористи и слично се измислици на комунистичката номенклатура. Слична е и ситуацијата во Бугарија. Егзекуторите на БКП, олицетворени низ ликовите на Лев Главинчев и Руси Христозов ги убиваат, бесат и живи ги палат најистакнатите членови на ВМРО, познатите михајловисти како Кирил Дрангов, Коста Ризов, Јосиф Марков, луѓето од перото као Данаил Крапчев, Јордан Бадев, а на принудна работа, по лагерите низ Бугарија се испратени и писатели како Димитар Талев и други. Тие убиства вршени од страна на бугарските и југословенските комунисти ја уништуваат демократската мисла како во Бугарија, така и во Македонија. Заради нив и заради тоа, до денешен ден и двете држави не можат до крај да ги реализираат своите демократски амбиции.



Денешната Република Северна Македонија е декларативно демократска земја, во сушност тое е креатура, подла имитација на идејата на Иван Михајлов за “Македонија-Швајцарија на Балканите“. Но, сенката на михајловизмот и неговите невини жретви, останува како симбол на демократија и равноправност на народите во Македонија. Идејата не можеш да ја убиеш, а никој не успеал да ги убие “сите“ луѓе. Впрочем, и демократијата е бесмртна.
Ние, потомците на неправедно судените или убиените сме тука. Синот на Богдан Попѓорчев, Борис, беше познат и успешен новинар, а внукот кој го носеше неговото име Богдан, беше филмски и ТВ режисер. Синот на Георги Гоцев, д-р Димитар Гоцев е основачот на ВМРО во Бугарија, а синот на Темелко Нешков е новинар и сопственик на агенцијата БГНЕС. До денешен ден, семејството на Светиеви дава врвни интелектуалци во Македонија. Саво Коцарев во своите поодминати години е најстариот адвокат во Македонија, гордоста на семејството Коцареви и гордоста на потомците на сите михајловистички семејства. Не се само тие, туку и сите ние другите, вечно сме по потрага по вистината и правдата за нашите предци. Македонија е татковината на сите нас.
Идејата на Ванчо Михајлов опстојува, одмаздата одамна сме ја надминале како средство за борба, а ветото од страна на Бугарија кон Македонија е најголемото и до сега единственото признание дадено од страна на Софија кон жртвите дадени во одбраната на бугарската кауза во Македонија. Сѐ друго е само предавство кон жртвите на нашите претци.

Претходна статија

На денешен ден се сеќаваме на жртвите на сите тоталитарни режими

Следна статија

(Видео)Билјарски: Иван Михајлов е кошмарот на македонизмот

Најново од Истакнато