|

ИВАНОВСКА: ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО РАБОТИ ПОД ПРИТИСОК

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Билјана Ивановска смета дека Јавното обвинителство (ЈО) сè  уште работи под притисок, од, како што посочи денеска, две причини – првата е што за некои предмети сè уште нема одговори, а втората е дека за некои предмети, пак, добиваат многу брзи одговори. Тоа, како што рече, упатува дека има различни нарачки.

„Мислам дека треба  уште многу да сè работи, секој на себе прво, па потоа нели институционално да се зајакнуваат механизмите за контролно однесување итн. Ние најавивме од наша страна дека за наредната година прво судниот систем ќе биде ставен во годишниот план за проверка и следење на имотната состојба, ќе си дадеме свој придонес од нашиот аспект, согласно нашиот закон и ќе видиме како ќе оди понатаму“, изјави Ивановска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа колку се задоволни од постапката на ЈО кога упатуваат препораки да се поведе кривична одговорност на некој, пред почетокот на обуката за улогата на укажувачите во борбата против корупцијата.



Слични Објави