| |

Ивона Талевска осудена на 2 години условно за затајување данок

Судот ја осуди новинарката Ивона Талевска со условна казна затвор од две години, доколку во следните 4 години не го повтори делото. Талевска ќе треба да ја врати целата сума, за која се сомничеше во случајот „Тифани“, а  дополнително да исплати и 76 илјади денари, како трошоци за вештачењето. Во сумата предвидени се и 1.000 евра како споредна штета, кои Талевска ќе треба да ги исплати во рок од 30 дена. Талевска која денеска се изјасни за виновна има право на жалба во рок од 15 дена.

 

Слични Објави