| |

Избори во Бугарија: Одзивот до девет часот е 9 %

Покрај службениот премиер на Бугарија Стефан Јанев, на изборите во Бугарија досега гласаа и лидерите на Бугарската социјалистичка партија Корнелија Нинова и на прозападната партија Демократска Бугарија Христо Иванов кој изјави дека не се загрижени поради излезноста.

Како што јави дописникот на МИА од Бугарија, сè уште не се знае дали поранешниот премиер Бојко Борисов ќе гласа јавно, како и лидерот на партијата „Има таков народ“ Слави Трифонов, пренесува zoom.mk.

Бугарското Национално Радио јави дека до девет часот излезноста изнесувала девет проценти.

– Им честитам на сите на денешниот ден на изборите, што е уште еден датум на кој треба да ја покажеме нашата одговорност за изградбата на политичка власт, изјави службениот премиер на Бугарија Стефан Јанев откако гласаше на предвремените парламентарни избори во земјата.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави