НЕ СЕКОЈ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИН ЗАСЛУЖУВА БУГАРСКИ ПАСОШ

//

Замислете ја следната ситуација- Македонија е дел од ЕУ и НАТО и нејзините пасоши ги отвораат границите и даваат одредена безбедност. Нашите соседи Бугарите го знаат тоа и прават редици пред македонската Државна агенција за Македонците во странство. Во истото време сте сведоци како високи функционери и политичари на Бугарија билдаат политички кариери со плукање кон Македонија. Како ќе се почувствувате? Ќе пцуете? Ќе излезете на протест со барање да се прекине издавањето на македонски документи за бугарските државјани? Што би направиле вие во ваква ситуација?

Сите знаеме како најлесно се станува „патриот“ во Македонија. Плукни по овие, плукни по оние и готово. Но. Има еден ситен детал. Многу од „плукачите-патриоти“ кариери направија плукајќи на исток, каде со сетни маки и стари другарства „фаќаат врски“ за да дојдат до „бугарски папири“. Тоа се разбира не значи дека, „плукачите“ сакаат да печалат настрана. Тие најчесто „печалат“ овде и штекаат на страна (Белизе, Мелизе итн.), а бугарските пасоши најчесто им се за „секој случај“, да им се најдат. Оти сè се случува, ја ќе ти се наложи да отидеш итно за Унгарија, ја ќе ти најдат некои „бели пари за црни денови“ што не си ги пријавил на време во УЈП, а таму веќе се наместиле „другите“.

Нема логика нели? Овде лицето X плука, а кога ќе отиде кај тие што ги плука лиже. Грозно ми е некако, ама што да правам, јас сум само еден набљудувач и ги немам лостовите на власта во Софија. Да ги имав лесно би го решил проблемов со дволичните плукачи.

Би го направил тоа од почит кон измачениот народ на Македонија, кој веќе со години е учен од политичари и функционери да ги слуша што прават муабет, ама да не ги гледа што навистина прават. Потоа, не можам а да не ги спомнам и луѓето кои себе си се сметаат за Македонци со бугарско потекло. Да, ги има и такви. Повеќето што ги познавам се големи патриоти си ја сакаат државата (Македонија) и сакаат таа да биде мирна и добро развиена земја, да речеме од средноевропски тип. Тие луѓе на бугарскиот пасош гледаат како на нешто многу вредно и ги боли кога ќе дознаат дека најголемите плукачи по се што доаѓа од исток, имаат исти такви пасоши, ама не од некаква романтична љубов кон Бугарија, туку како што спомнав- „за секој случај“. Би повикал и на порадикални мерки. На пример на некои луѓе да им се одземат државјанствата, тоа ќе биде позитивен сигнал и за тие малку луѓе кои се уште гледаат на Бугарија со љубов и почит.

Таа злоупотреба со бугарските документи треба да биде прекината и единствените што можат да го направат тоа се властите во Бугарија. Не секој македонски граѓанин заслужува да има бугарски пасош и тука не се работи за дискриминација, туку за морал, нештото што многу политичари и функционери од Македонија и сите страни на светот, за жал не го поседуваат во изобилство.



Автор: Тој Бугаринот

Редакцијата на порталот Трибуна се оградува од ставовите изнесени во написите објавени во рубриката „Ваш став“.



Претходна статија

ФИЛИП ПЕТРОВСКИ ПОБАРА ОД ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ДА ГО НАПУШТАТ СОБРАНИЕТО

Следна статија

ДАТУМОТ ЗА ПРЕГОВОРИ Е ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА МАКЕДОНИЈА НО И ПОТТИК ЗА НАПРЕДОК НА ЦЕЛИОТ ЗАПАДЕН БАЛКАН

Најново од Ваш став

Денот на булките

Facebook статус на Никица Корубин Деновиве во Велика Британија се сеќаваат на жртвите од Првата светска

(Не)промислена забрана

Fb статус на Никица Корубин “Забрана” е најспоменуваниот збор деновиве. И сите модалитети на истата. Организирано