ИЗДАНИЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЗВУЦИТЕ НА ЧАРШИЈАТА“

Во старото градско јадро на Скопската чаршија денеска и утре ќе се одржи традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“, чија цел е преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на стари занаети, чаршијата да заживее во духот на традицијата како културен и духовен споменик на градот и да се врати духот на занаетите…

Станува збор за мултимедијална и мултикултурна манифестација што годинава се одржува по 12. пат и има за цел да потсети на заборавената традиција и да оживее некои недоволно посетени простори на Скопје.

Во рамки на манифестацијата вечер ќе се одржи настанот „Книжарницата во чаршијата“ во чии рамки е предвидена литературна среба со наслов „Тропам на вратата на писателот“. На платото пред Штуловиот универзитет, пак, со концерт на класична гитара ќе настапи „Дуо Бојкоски“, а во 20 часот е концертот на Емин Сали и на извонредниот вокал Доника Домазети.. На плоштадот Скендербег концерт ќе одржат „Оксиџен бенд“, како и музичките уметници Линдита Хакај (мецоспоран), Рина и Саранда, и Неџат и Ваљон Сума. Утревечер пак, на плоштадот Скендербег диџеј сет ќе има диџеј Гамблеманиа, а ќе настапат и Џурим Дема, Фатјон Мифтари и Ардиан Бакали, Албан Скендерај, Гето Геаси-Маршал Џангл.

Слични Објави