ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ „ПЕРУАНСКА АМАЗОНИЈА“ ВО КУМАНОВО
„Перуанска Амазонија” е насловена патувачката изложба на фотографии што ќе биде отворена вечер во 19:30 часот во Уметничката галерија при Музејот во Куманово …
Во рамките на изложбата, која се реализира во соработка со Почесниот конзулат на Перу во Македонија, ќе бидат поставени 60-ина фотографии од 18 автори, на кои е претставена културата на традиционалните амазонски народи. Фотографиите сведочат за животот покрај реката Амазон кој е практично непроменет со векови поради хармоничниот однос на овие заедници со животната средина.
Изложбата, што ја подготвија вработените Елена Рафајловска и Марјан Јагликовски, во Куманово ќе биде поставена до 19 октомври.

