ИЗЛОЖБА НА ГРАФИКИ ВО ПРИЛЕП
Во ликовната галерија при Центарот за култура ,,Марко Цепенков“ во Прилеп денеска (1 август) во 20 часот ќе биде отворена изложбата на дела од уметницата Снежана Малетин од Нови Сад, Р. Србија …
Графиките претставени на изложбата се создадени во периодот 2015 до 2017 година, а истите се резултат на истражувањата на безбедни и нетоксични материјали во графичките техники. Пред посетителите ќе бидат претставени 20 графики на Малетин инспирирани од истражувањата во техниката наречена кitchen lithography, а преточени во мотиви од урбаниот градски пејзаж, кои таа ги бележи, ги пренесува на хартија користејќи го својот богат и систематичен ликовен јазик, како врвен графичар.
Малетин која завршила Академија на уметности во Нови Сад, досега имала повеќе самостојни и групни изложби. Изложбата која ќе биде отворена до 16 август, финансиски е поддржана од Министерството за култура.

