ЗАПОЧНУВА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „10 ДЕНА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА“
Со подигнувањето на знамето на Крушевската Република и со традиционалните свечености на Гумење во Крушево, денеска (1 август) во 20.30 часот по 51-ви пат ќе бидат отворени културно-научните средби „10 дена Крушевска Република“, Манифестацијата годинава е во знакот на 115-годишнината од Илинденското востание и 40-годишнината од традиционалниот марш на коњаницата …
Претходно, на први август, делегации ќе ја посетат Спомен-куќата на Смилевскиот Конгрес и ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на Дамјан Груев. Во Крушево ќе се одржи изложба на традиционални влашки носии, што ја подготви Ванѓа Димитријева-Кузманоска, од Унирвезитет „Гоце Делчев” од Штип.
Отворањето на Манифестацијата на 1 август ќе заврши со импровизираниот напад на Крушево и со богат огномет.
На 2 август, на Илинден, на Мечкин Камен ќе се обрати претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов а како дел од манифестацијата, ќе настапат и неколку културно уметнички друштва.
Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ до 10 август ќе понуди богати содржини, меѓу кои: одбележување на влашката култура, манифестација посветена на унгарската култура, театарски претстави, концерти, ридско-брзински автомобилски трки, изложби.