Последниот атентатор (9)
Спомени на Крсто Петрушев (1913-2007) од Богданци, припадник на ВМРО, запишани од Владимир Перев.
Сите војници се изморија. Само што стигнавме во Радовиш војниците се изморија по пат. Од таму дојде наредба пак да се вратиме во Струмица. Дојдовме во Струмица. Бугарска работа. Не ставија во касарната. Нечисто, се наполнивме со вошки. Имам вујко во Струмица на мајка ми брат. Продаваше кисело млеко и цигари, трговија. Отидов и не можев да ги најдам дома. Отидов во полето да барам вода . Најдов една тенекија и запалив огин. Најдов една чешма и ја исправ облеката. По едно време дојдоа едни жнеачи, а јас се кријам во житото а тие жнеат. А јас гол. По едно време започнаа да наближуваат накај мене. И им велам, луѓе јас сум гол. Се варам од вошки. Ја сум бугарски војник. Дојде еден маж. Облеката мокра ја облеков. Важно ја исправ. Видов една берберница и велам ќе одам таму. Во тоавреме се чуло дека сум таму. Брат ми Ѓорѓи веднаш станува и доаѓа да ме бара во Струмица. Јас имав еден пријател Станке, потпоручник. Дошол кај моите и им кажал дека сум добро и дека сум здрав и жив и дека сум во Струмица. Спиел две-три вечери кај нас. Брат ми Ѓоѓија роден 1925 година дојде. Стои таму на портата и не го пуштаат, ама им кажал на некои војници да ме извикаат. Доаѓа еден војник и ми вели има брат ти те чека на портата. Трчав и кога го видов Ѓорѓија. Го оставив малечок, сега голем, ама сепак го препознав. Зедов да плачам . Се прегрнавме. Му отворив конзерва и леб и му дадов да јаде. Сега кога ќе одиш ќе им кажеш на мама и тато дека сум добро и ќе гледам да дојдам . Му велам на командирот поручник Галчев пушти ме да се видам со мајка ми и татко ми. А тој ми вели стрпи се малку Петрушев! не ли гледаш каква е состојбата. Не знаеме каква наредба ќе добиеме. Јас бев нестрплив и го гледам полковник Димов седи во градината во Струмица. Бев многу решителен и кога го видов полковник Димов му велам- Јас сум од село Богданци. Сум избегал од пред 13 години не сум ги видел мајка ми и татко ми. Живи се, и затоа си дозволив да ве замолам да одам да ги видам. Му кажавте ли на Галчев? Да ама тој не ме пушта. Еден офицер замина. Капетан Икономов беше за исхраната и камионите. Кога заминува нашиот камион за Гевгелија? После еден час ќе замине еден. На момчето веднаш да му припремиш еден билет и да му дадеш пет дена одсуство да се види со мајка му и татко му. Веднаш што ми направија билет отидов во Богданци. Кога отидов таму мајка ми плаче, татко ми плаче . Целото село се собра. И еден населен Србин Алекса Животич, беше во таа толпа луѓе во дворот. Ми вели -Господин Крсто сакам да се пожалам, Христо Балабурович ми ги исече дрвата. Па нели имате некаква власт тука, да се грижи за редот и мирот. Излезе брат ми и вели-тоа сум јас.
Мојот Ристо Балаборович го исекол и јас сега врбите треба да ги фрлам. Нема ли некој одбор да се грижи за ова село. Во вакво време не треба да се толерира ништо, никакви кражби ни убиства. Тоа треба најстрого да се казнува. Прашувам зошто му дозволивте на Ристо. Тој треба да знае дека ќе биде суден по редовен суд. Во такво време не смее да се чепка никој. Ни убиства ни кражби. Најстрого се казнува. Така со еден збор направив ред во цело село никој да не може да направи ни кражба ни ништо. Кога истече времето се вратив во Струмица. По еден месец ни дојде замена. Се собра целиот полк преку Царево село, по стариот пат, за Горна Џумаја
Пред Царово село еден дожд и град не сокапа. Влеговме во Царево село денес го викаат Делчево и се собравме. Ние се погодивме едно одделение во една куќа и седејќи падна ѕидот. Кошница пчели им ги притиснал ѕидот. Јас како подофицер им наредив на војниците да расчистат. Домаќините ни дадоа мед и раздробени пити. И првиот залак ја каснав и ме укаса. Сета уста ми се наполни.
Кога ја префрливме Струма народ не пречека меѓу кои и мојата жена. Извика по мене и трча…. ме гледа и се исплаши. И реков пчела е. Се ипслшила да не сум нешто болен или ранет.
Земав да работам ама се зарекнав дека ќе си дојдам во Македонија. Тогаш кога ја видов мајка ми и татко ми сиромашни. Кожа и коска. Брат ми, Петрето, на шивачки занает, ама неработник. Далдисал по комунизамот па трча. Под диригентството таткото на нашата Илинка. Под рака го фати и му го насади комунизамот. Му велам, бате, војно време е не се почнуваат такви работи. Не ти требаат да собираш луѓе, како Железни и слични. Не се знае каков ќе биде крајот на војната. Ќе настрадаш. Бугарите се добри ама и се многу лоши, и многу лошо тепаат. Не се занимавам- вели- јас со тие работи. Крие од мене, а татко ми ми кажува. Работата не си ја гледа, се далдисал во тоа комунизмот. Се собираат-Џочката, Железни и некои други такви. Воопшто не работи, јас го хранам. Деца има две три. Од работа има фајде. И да знаеш Бугарија има строга управа ќе те фатат и ќе настрадаш. Јас си дојдов на 06 март 1942 година тука да живеам се со цел да ги помогнам моите родители. И им помогнав. Со жена ми насадивме големи површини тутун. Она со таа нејзина машина за плетење ги привлече сите села, правевме добра работа и добро живеевме. Никогаш нашата фамилија не видела толку пари.
Му направив свадба на брат ми Ѓорѓија. Мене како добар Бугарин ме вработија во општината. Иако бев робијаш и недоволно писмен, сепак бев културен човек и имав знаење. Немаше кој да го води протоколот и јас го водев како писар.
Еден ден во една канцеларија влегува служителот Васил Данилов и ми вели- не слушаш го натепаа брат ти Петрета доле во полицијата. Јас ртрчам. Имаше еден Јанко. Велам Јанко бе брат ми бил тука. Тука е вели Крсто ама јас не располагам со него. Во Гевгелија располагаат со него. А слушам како вриска. И таму на оградата еден точак. Грев ми е ама го зедов точакот и отидов право во Гевгелија. Право се бувнав кај началникот. Таму на вратата стои служител . Ме прашува каде? велам кај управникот. Со управителот се познававме. Велам слушај мој брат е задржан во полиција. Јас сум зборувал со него и ми дал сериозно ветување дека нема да се занимава со политички работи. И затоа јас гарантирам за него дека политички е исправен и е бугарски граѓанин. Земи го телефонот тука и веднаш да се престане со истрага и малтретирање. Петрушев, внимавај си ја ставаш главата во торба. Во шумкарите и комунистите не треба да се има доверба.
Тогаш ме фати еден бес. И тогаш ме фати без и реков дека јас гарантирам со животот за него. Тој зема телефонот и кажа да се прекине истрагата на Петре Петрушев и да се донесе веднаш тука. Се исплаши, да не му го удрам куршумот. Јас знам, секому му е мил животот. После два сата го донесоа брат ми во Гевгелија. Ми вели началникот-внимавај што ми изнакажа, ама и што ќе се случи во иднина. Јас го земав брат ми и на воз и во Скопје го носам кај мајка и и татко и на Илинка. Го носам полумртов, му скршиле две ребра од тепање. Велам, чичко на тебе го оставам, јас немам овде познати. Барајте луѓе. Го лекуваа што го лекуваа. Му викнаа доктор и тој рече дека треба да лежи еден месец. Да не мрда, да зараснат ребрата, за да не настане внатрешно крварење. Го донесов тука. Го носам дома и на прагот ме пречека жена му и вели- грев правам, но не грев не можм да те примам дома, затоа што мене полицијата ми рече ако те примам ќе ми ги изгорат децата. Јас кога го чув тоа, велам, ајде брате. Нашата куќа го гледаше. Него го носевме во нашата соба каде што живеевме со мојата жена на нашиот кревет, а ни поминавме на рогозината да спиеме цел месец. Утредента неговата жена на кола ги натоварила децата, а ја оставила само големата ќерка Данка си отиде во Крумово. Таму беше населена сестра и . Таму живееја цел месец, а потоа кога брат ми оздраве, таа се врати. Сакам да кажам, иако брачен другар кога ќе види зорт, ќе го откаже. Се помири по таа работа ама не седеше мирен. Кога јас ги испратив немаше кој друг да работи се мојата жена и татко ми работеше и во тоа време еден стар човек се вика Мите Достин се најдовме во темното и ми вели- и Петре тие шумкарите мене ме фатија во Мечкин Дол и кажаа да одиш . Абе велам јас не сум Петре таа е друга куќа. А кој си ти? Брат му Крсто. Тој Бугаринот? Не сум велам јас Бугарин. Гледај дете да не ме издадеш, овие бугарите многу лошо тепаат. Како велам да те кажам ако те кажам тебе треба да го кажам и брат ми. Отиде кај брат ми што зборуваа незнам.
После дознав како била работата. Овој човек откако зборувал со брат ми Петре одишол кај син му Ило и снаа му Митра и и вели Митро свари едно кафе, многу сум исплашен. Зошто си бре татко толку исплашен? Јас ептен заборавив дека Петре имал и друг брат, а тоа да ти бил тој Крсто од Бугарија што дојде. Ако ме каже ќе ме искршат. Де бе татко не е тој таков човек. Море, што знам, многу сум исплашен. Го испил кафето си заминал, а Митре како Митре станал…на Ванчо Таушанов вели Бате да видиш тој мојот свекор што направил. Го фатиле тие шумкарите во Мечкин Дол и го натерале да дојде на Петре Петрушев да му каже да оди на состанок со шумкарите. Тој не на Петре туку на брат му Крсто Петрушев и човекот е многу исплашен. Ванчо Танушев се дигнува па на неговиот баџанак Благој Кацарев му раскажува. Вие ги бркате шумкарите по планините, а тие дома биле. и се му раскажува. Благој Кацарев е агент на бугарите. Пиштолот, и оди директно во околинскиот управител и му раскажува.
Продолжува…

