|

Измерени ниски концентрации на PM₁₀ честички во Трубарево

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека во периодот од 18 до 19 септември 2025 година се спроведени индикативни мерења на суспендирани цврсти честички до 10 микрометри (PM₁₀) на мерното место во зоната на Трубарево.

Просечната концентрација на честичките изнесувала 9.8 µg/m³, максималната измерена вредност 43.3 µg/m³, додека моменталната вредност при завршување на мерењето била 8.2 µg/m³.

Од Министерството информираат дека просечните концентрации се во рамките на дозволените граници и дека не е забележано надминување на граничните вредности.

Концентрациите се движат во рамките на 24-часовната гранична вредност за заштита на здравјето на луѓето, утврдена со Уредбата за гранични вредности за загадувачки супстанции во амбиентниот воздух.

Надлежните најавуваат дека ќе продолжат со редовно следење на квалитетот на воздухот и ќе ја информираат јавноста за резултатите.



Слични Објави