ИЗРАЕЛ ПОЧНА И КОПНЕНА ОФАНЗИВА НА ПОЈАСОТ ГАЗА
Откако на границата собраа тешко вооружување, Израел во четврток вечер ја нападна Газа и по копнен пат.
Ова го објави израелското министерство за одбрана на „Твитер“, без притоа да прецизира повеќе детали.
Иразел од вчера собира војници, тешко вооружување и тенкови. Според извештаите засега се пука преку границата, но границата не ја минале.
Бројот на жртви од ескалирањето на судирите меѓу Израел и Хамас изнесува 87 лица, од кои најмалку 17 се деца. Четири дена трае огнот, и не се гледа негов прекин, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека „ќе треба уште време“.
IDF air and ground troops are currently attacking in the Gaza Strip.— Israel Defense Forces (@IDF) May 13, 2021