|

Израел прв во светот почна со тестирање на четвртата доза од вакцината против Ковид-19

Медицинскиот центар „Шеба“ во близина на Тел Авив денеска го почна првото тестирање во светот на четвртата доза од вакцината на Фајзер/Бионтек против Ковид-19.

– Најголемиот медицински центар во Израел и на Блискиот Исток ангажираше 150 вработени за истражувањето, а секој од нив прими трета, засилувачка доза, во август и сега нивното ниво на антитела е под 700, изјави портпарол на болницата, пренесува ТВ 21.

Првиот што ја прими четвртата доза беше хирургот за трансплантација на срце, д-р Јакоб Лави. Тој рече дека „тоа е еден мал убод во рамо, но еден голем скок за човештвото во глобалната борба против коронавирусот“.

Истражувањето го предводи д-р Гили Регев Јохај, директорка на Одделот за инфективни болести, а го одобри Хелсиншкиот комитет на Министерството за здравство, кој го надгледува тестирањето на луѓе.

Иако американската Управа за храна и лекови сè уште не ја одобрила четвртата доза од вакцината на Фајзер, израелските експерти препорачуваат да ја примаат здравствените работници и граѓаните постари од 60 години, бидејќи се чини дека заштитата се намалува за шест месеци.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави