| |

ИЗРАЕЛСКА СТУДИЈА: ВАКЦИНАЦИЈАТА ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД ПРЕНЕСУВАЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ

СВЕТИзраелска студија: вакцинацијата го намалува ризикот од пренесување на коронавирусотОбјавено пред 2 часа – 15 февруари, 2021Од Макфакс

Научниците во Израел спровеле истражување што покажало дека вакцинацијата против коронавирусот, покрај тоа што создава лична заштита, го намалува и ризикот од нејзино пренесување.

Тие ги анализирале лабораториските резултати на 5.800 заразени лица, од кои половина ја добиле првата доза вакцини од „Бионтек“ и „Фајзер“.

ПЦР-тестовите откриле дека вакцинираните пациенти произвеле четири пати помалку честички на коронавирусот од 12. до 28. ден по приемот на вакцината отколку оние што не ја примиле вакцината.

„Помала количина вирус значи и помала можност за пренесување“, велат научниците од Израел.

Слични Објави