|

Израелската армија: Пронајдени 15 влезови во тунели, погодени 150 цели на Хамас

Израелската армија објави дека пронашла повеќе од 15 влезови во подземните тунели во Магази во центарот на Газа и дека со воздушни напади убила неколку терористи.

Војниците на ИДФ (израелските одбранбени сили) убиле десетици „терористички оперативци“ во борбите во текот на изминатиот ден во областа на Кан Јунис.

Во изјавата објавена на каналот Телеграм, напишано е дека за време на операцијата во Кан Јунис, војниците идентификувале терорист кој поставич експлозивна направа во близина на трасата по која се движи армијата.

Се додава дека војниците на ИДФ погодиле вкупно 150 терористички цели во изминатиот ден.

Овие тврдења не можеа да бидат независно потврдени, пренесуваат светските агенции.



Слични Објави