| |

ЈАНЧЕВ СО БЛАГОДАРНОСТ ДО СЕМЕЈСТВОТО ЗАЕВИ ЗА ДОНАЦИЈАТА ВО КАВАДАРЦИ

Семејството Заеви денес испрати 200 пакети со прехранбени производи како донација за Општина Кавадарци. Пакетите се наоѓаат во Банката за храна за градот и ќе бидат поделени на семејствата во социјален ризик.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев за ,,Фокус” изјави дека е благодарен за помошта од Заеви.

„Одличен гест, ова е доказ дека секогаш, а посебно во време на пандемија сите мораме да бидеме солидарни. Нека ова биде поттик и за останатите од бизнис секторот, секогаш да бидеме водени од хуманоста. Банката за храна во Кавадарци функционира веќе две години, со срце влеговме во овој проект и секојдневно ја покажуваме грижата за ранливите категории на граѓани. Лани во општината беа поделени околу 30 тони храна, горд сум што немавме гладни семејства. Ме радува и фактот што Заеви се вклучија со своја донација, во интерес на народот, постапката е за пофалба“ – изјавува градоначалникот Јанчев.



Слични Објави