|

ЈАНЕВА БИЛА САМА И ИСПЛАШЕНА ЗАТОА ПОЧНАЛА ДА СЕ СОБЛЕКУВА

Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска, вели дека поранешната шефица на СЈО денеска била спроведена со полиција да присуствува на „работен“ состанок во Државниот завод за ревизија, без претходно да прими уредна покана или со претходна најава.

„Нејасно за нас е зошто присуствува јавен обвинител на лице место. Таа го направила тоа во знак за револт, бидејќи била игнорирана и не ѝ било овозможено да повика адвокати и народен правобранител. Потоа и се слошило и била повикана Брза помош. Била сама, исплашена и многу вознемирена“, вели Фрчкоска за Либертас.

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска во Државниот завод за ревизија почнала да се соблекува и останала во долна облека додека ревизорите и ги презентирале наодите од ревизијата за финансиското работење на СЈО.



Слични Објави