ЈАНЕВА НА ПРЕГЛЕД ВО „ЖАН МИТРЕВ“ СЕ ЖАЛИ НА ВИСОК ПРИТИСОК И АНКСИОЗНОСТ

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева денеска од истражниот затвор ќе биде однесена во клиниката „Жан Митрев” каде ќе и биде извршен интернистичко кардиолошки преглед, потврди за МИА нејзината адвокатка Ирена Фрчковска.

Здравствената состојба на Јанева, според нејзините адвокати, е лоша и таа се жали на висок притисок и општа анксиозност.