|

ТХП: Иселениците се мост меѓу двете држави, институциите да го забрзаат процесот за државјанство

Делегација на Партија за движење на Турците (ТХП), предводена од претседателот Енес Ибрахим, во рамките на посетата на Измир оствари средби со здруженија на иселеници од Македонија.

„На средбите беше нагласено значењето на иселениците како силен мост помеѓу двете земји, при што беа разменети мислења за предизвиците со кои тие се соочуваат. Посебно внимание беше посветено на прашањето за добивање државјанство, каде што многу апликанти, и покрај поднесените барања, сè уште немаат добиено јасни информации за статусот на нивните апликации“, соопштија од партијата.

Оваа состојба, додаваат од ТХП, претставува сериозен проблем кој бара итно институционално постапување.

„Партијата за движење на Турците (ТХП) останува посветена на решавање на овие прашања и ќе ги преземе сите неопходни чекори за нивно надминување, со цел заштита на интересите на иселениците и унапредување на односите меѓу двете држави“, се наведува во соопштението.



Слични Објави