ЈАПОНИЈА НЕ ПЛАНИРА ДА ВОВЕДУВА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ЗАРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

/

Портпаролот на јапонската Влада Јошихиде Суга денеска изјави дека владата не планира да воведе вонредна состојба заради коронавирусот од 1 април.

На редовната средба со новинарите во Токио тој, исто така, кажа дека најавениот телефонски разговор меѓу јапонскиот премиер Шинѕо Абе и директорот на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејсус нема никаква врска со евентуалната одлука за воведување вонредна состојба, пренесоа британските медиуми.

Според последните податоци во Јапонија досега од новиот коронавирус заболеле 1.900 лица, а починале 56.





Претходна статија

ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ВРАТАТ НАШИ СОГРАЃАНИ ОД ВИЕНА И БАЗЕЛ

Следна статија

ГАЗДАТА НА АМАЗОН БЕЗОС ЗАРАБОТИЛ 5,5 МИЛИЈАРДИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА КОВИД-19

Најново од Вести