|

Јаревски до Ковачевски: Зошто дозволивте спојување на концесиите, а знаевте дека со неисполнување давате правна можност Дестани да ја тужи Македонија

Владата на СДСМ и ДУИ уште во 2006 година дала одобрение за отворање на рудник во Иловица, а тоа е коренот на проблемот со Иловица. На 27 јуни 2023 година на седница на оваа Влада на која сите биле присутни имале дополнителна точка на дневен ред за спојување на концесиите на рудникот. И по тоа никој не знае што се гласало. Каја Шукова вели не знаела, Оливер Спасовски гласале ама не знаеле за што, и вчера излегува Крешник Бектеши кој вели сите се криви, а тој најмалку и дека другите многу добро знаеле за што се гласале, рече пратеникот Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Јаревски постави неколку прашања. Прво Ковачевски да одговори зошто дозволил спојување на концесиите бидејќи имал информација дека граѓаните се против отворање на рудник, односно знаел дека со одлука за спојување на концесиите и неисполнување на истата и дава правна можност на фирмата на Дестани да може да ја тужи Македонија и да изгуби на арбитражен суд и да треба да му се исплатат над милијарда евра од државниот буџет на Дестани и Еуромакс Ресурсис, и потпрашање зошто не е раскината концесијата дотогаш и зошто ваква лакрдија за спојување на концесиите, а потоа повторно одвојување.

„Второ прашање до Каја Шукова, „дали Дестани има поднесено до министерството за животна средина студија за заштита на животната средина со оглед дека Дестани е познат во јавноста како човек близок до ДУИ, кој нема ниту еден ден искуство, ниту некаква експертиза од копање на злато и бакар?“

И трето прашање, во врска со европската организација ОЛАФ која од 36 предмети кои ги истражува 18 биле од Македонија, до вицепремиерката Славица Грковска.
„Вие сте задолжена за добро владеење и треба да знае како се движат нашите и странските пари, дали сте до толку неспособна за пред нос да ви се случуваат вакви страшни злоупотреби да се брукаме пред Европа или Артан Груби и Димитар Ковачевски не ви дозволуваат да си ја работите работата“, праша Јаревски.



Слични Објави