ЈАВИ СЕ ЦИЛЕ: КИНА E ПОДГОТВЕНA ЗА ВОЈНА AКО НЕКОЈ СЕ ОСМЕЛИ ДА ГО ОДДЕЛИ ТАЈВАН

/

Кинеското Министерство за одбрана денеска објави дека Кина е подготвена за војна „ако има луѓе кои би се осмелиле  да го одвојат Тајван од земјата”, обвинувајќи ги САД за поткопување на глобалната стабилност и осудувајќи ја продажбата на американско оружје на островот што Пекинг го смета за дел од својата територија.

АП забележа дека Пентагон претходно овој месец објави дека Стејт департментот ја одобрил продажбата на оружје по барање на Тајван, а во арсеналот во вредност од 2,2 милијарди американски долари има тенкови, како и ракети „стингер“.

Кина одговори на соопштението со порака дека ќе наметне санкции за американските компании што учествуваат во договорот.



Извор: Макфакс

Претходна статија

МАРКО И САРА СИ ГИ ПРОДАВААТ ИГРАЧКИТЕ ЗА ДА СОБЕРАТ ПАРИ ЗА ЕДРИЛИЧАРСКИОТ КЛУБ ШТО ИЗГОРЕ

Следна статија

ГДУ НЕ ЈА ОСТАВА НА РААТ ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО ШТИП: ДАЛИ Е ОВА МОМЕНТАЛНАТА СОСТОЈБА НА ХИГИЕНАТА ВО ГРАДОТ?

Најново од Вести