| |

Јотова: Бугарија и Грција се гаранти за стабилноста на Европа

Бугарија и Грција се гаранти за стабилноста на Европа, изјави бугарската претседателка Илијана Јотова на церемонија на која на грчкиот амбасадор Алексиос Мариос Либеропулос му го врачи орденот „Мадарски коњаник“ од прв степен, пренесува БНР.

Либеропулос го доби одликувањето за заслуги во зајакнувањето и развојот на бугарско-грчките односи.

Во своето обраќање Јотова го истакна стратегиското значење на соработката меѓу двете земји и заедничките проекти на Софија и Атина во повеќе области.

„Нашите проекти во областа на инфраструктурата, енергетиката, проектите поврзани со одбраната на нашето европско семејство, туризмот и културата – сето тоа во последните години се развива исклучително интензивно и во голема мера тоа го должиме на вашата работа“, изјави Јотова.

Таа оцени дека улогата на Бугарија и Грција се зголемува во услови на бројни предизвици за Европа.

„Ние сме острови на стабилност, ние сме гаранција за стабилноста на цела Европа“, нагласи Јотова.

Според неа, значењето на двете земји се гледа и во обезбедувањето на надворешните граници на Европската Унија, како и во реализацијата и резултатите од нивните заеднички проекти.

Слични Објави