Јотова ја откри учебната година во најстарото бугарско училиште во странство
Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, свечено ја откри новата учебна година во Теоретскиот лицeј „Св. Св. Кирил и Методиј“ во Стар Бешенов, Романија – училиштето создадено од Бугари пред 280 години, јавува БНР.
Јотова ја пресече лентата на реновираната зграда на оваа образовна институција, која се смета за најстарото училиште во странство основано од Бугари. Старобешеновските Бугари-католици, познати како банатски Бугари, претставуваат најстарата бугарска дијаспора во Романија.
Во своето обраќање, таа ја нагласи големата улога на образованието и верата:
„Денес е ден на поклон пред нашите предци, затоа што целиот нивен живот, нивното опстојување цели три века, покажуваат дека нема предизвици или тешкотии што можат да го победат она свето нешто што тие го носеле во своето срце и го пренеле на идните поколенија – љубовта кон татковината, кон јазикот и кон својата самобитност. Често се прашуваме како се постигнува тоа, а одговорот е многу едноставен – преку образование и вера“.
Вицепретседателката присуствуваше и на свечената седница на Општинскиот совет во Стар Бешенов, каде што ѝ беше доделено признание „почесен граѓанин“.
За време на својата посета, Јотова оствари средба со претставници на Сојузот на банатските бугари во Романија и го посети Музејот на бугарското малцинство.
