| |

Јотова: Сакаме гаранции за правата на македонските Бугари и почитување на историјата

Главен аспект на бугарската и европската надворешна политика за потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова е политичкото проширување на Европската унија, особено европската перспектива на Република Северна Македонија и нејзините односи со Бугарија.

Јотова повторно нагласи дека секој што сака да биде дел од европското семејство мора да разбере дека тоа не е ниту банка ниту донатор, туку слобода и заштита на човековите права.

„Сакаме гаранции за правата на македонските Бугари, за вистинско добрососедство, почитување на историјата“, посочи потпретседатeлката и како успех на бугарската надворешна политика ја истакна одбраната на бугарскиот став за вклучување на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија.

„Ова е пример како успеваме кога сите институции и политички партии работат заедно“, рече таа.

Бугарската потпретседателка уште вели дека проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан засега и друго основно прашање – Босна и Херцеговина, Србија и Косово. Тој јазол, како што порача, може да биде одврзан само при јасна перспектива за тие држави, а сигналот треба да дојде од ЕУ, зашто во спротивно тие земји секогаш ќе останат конфликтни точки.

Извор: zoom.mk

Слични Објави