Жителите на Шуто Оризари денеска ќе протестираат пред Град Скопје

/

Системското игнорирање на општина Шуто Оризари од страна на Советот и раководството на Град Скопје не поминува незабележано од граѓаните. Токму затоа денеска граѓаните на Шуто Оризари подржани од Ромската заедница од сите Скопски општини, на денот на општина Шуто Оризари (12 септември), во 19:00 часот заеднички пред Град Скопје ќе го постават прашањето „Шуто Оризари – заборавена општина. До кога?“.

Собирањето ќе започне во 18 часот со збирно место во паркот кај големата џамија во Шуто Оризари со крајна дестинација пред Град Скопје во 19:00 – 19:30 часот.

Организаторите наведуваат:



  1. До кога само граѓаните на Шуто Оризари ќе се корисници на недостојни автобуси, нередовни и нецелосни линии на јавниот превоз?
  2. До кога граѓаните на Шуто Оризари ќе чекаат изградба на паркови и зелени површини?
  3. До кога граѓаните ќе чекаат изградба на булевари и во општина Шуто Оризари?
  4. Кога ќе се вработат Роми во администрацијата на град Скопје?

„Очекуваме пораките, потребите и барањата кои ќе бидат пренесени пред Град Скопје да бидат сериозно слушнати и вметнати итно во градските политики на град Скопје кои ќе бидат преточени во реалзирани проекти во општина Шуто Оризари и во сите скопски населби каде што живее ромската заедница. Ги повикуваме граѓаните, граѓанските здруженија, политичките субјекти, бизнис секторот и секој граѓанин кој е засегнат од прашањата кои се интерес на протестот да ни се придружат“, велат организаторите.

Претходна статија

Генералниот секретар на град Скопје си заминува од позицијата: Разочаран сум од слабиот потенцијал на Арсовска

Следна статија

Јотова: Сакаме гаранции за правата на македонските Бугари и почитување на историјата

Најново од Вести