| |

Јотова: Сѐ е во рацете на ГЕРБ

Сѐ е во рацете на ГЕРБ и на другите политички сили и редно е тие да одговорат на поканата. Ова го изјави пред новинарите бугарската потпретседателка Илијана Јотова пред денешното отворање на меѓународната конференција „Иднината на еврото и иднината на Бугарија во еврозоната“, јавува БГНЕС.

Јотова зборуваше неколку минути откако ГЕРБ-СДС објави дека испратиле покани до сите партии застапени во бугарскиот парламент за разговори со цел поддршка за формирање влада.

Ни треба стабилна влада и стабилен парламент, убедена е Јотова. Таа истакна дека една од најважните теми е токму усвојувањето на еврото.

Дијалогот во Бугарија мора да започне, рече уште Јотова и одби да дава совети. Партиите мора да ја предложат формулата, убедена е потпретседателката.

Таа одби да учествува во хипотезите за политичката партија на претседателот Румен Радев.

Слични Објави