|

ЈОВЕСКИ: АКО НЕКОЈ ПОСЕДУВА ДОКАЗИ ЗА „РЕКЕТ“ НЕКА ГИ ПРЕТСТАВИ ЌЕ ПОСТАПИМЕ

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ги повика сите што имаат каков било доказ за „Рекет“ да го достават до обвинителството за да постапува.

Јовески нагласи во изјава за Алсат М дека Обвинителството не располага со податоци за други имиња инволвирани во „Рекет“.

„Доколку некој друг располага нека ги достави до обвинителството за да постапува. Ги имаме предвид сите написи, но доколку некој посочи конкретен доказ, документ, ние сето тоа ќе го прибавиме и ќе постапуваме“- вели Јовески.



Слични Објави