ЈП „КОМУНАЛЕЦ“ НА ТЕРЕН, СЕ ГАСНЕ ПОЖАРОТ ВО ДЕПОНИЈАТА МЕГЛЕНЦИ

//

По пријавата на вработените во текот на вчерашниот ден дека во депонијата „Мегленци“ има пожар, екипи на ЈП „Комуналец“, веднаш реагирале на терен за да се спречи натамошното ширење и да се локализира пожарот. За таа цел, веднаш биле известени сите надлежни институции, а биле повикани на помош и екипи од РЕК Битола и Општина Новаци, на чија што територија се наоѓа депонијата, кои безрезервно им помогнале на екипите од ЈП „Комуналец“.

Поради топлото време, пожарот зафатил големи површини и се проширил во вечерните часови, но истиот веќе е ставен под контрола. Случајот е пријавен и во СВР Битола, но засега не се знае кои се причините за опожарувањето на депонијата „Мегленци“. Директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Боголевски истакна дека нивната подготвеност со зголемен број екипи на терен и помошта која ја добиле од РЕК Битола и Општина Новаци, го спречила натамошното ширење на пожарот за да не дојде до опожарување на поголема површина.





Претходна статија

СДСМ: ГРАБЕЖОТ Е МАНТРА НА ВМРО-ДПМНЕ, УКРАДЕНИТЕ ПАРИ ЌЕ ГИ ВРАЌААТ НАЗАД ВО БУЏЕТОТ

Следна статија

(ВИДЕО) МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ГОСТИН ВО „ПЕЧАТ НА НЕДЕЛАТА“ НА 1 ТВ

Најново од Вести