ЈП Комунална хигиена-Скопје исчисти дива депонија во Ѓорче Петров
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија дива депонија лоцирана на улицата „Лихнида“ во скопската општина Ѓорче Петров.
Во рамките на реализираните активности на посочената локација беа подигнати и транспортирани приближно 30 кубни метри кабаст, градежен и градинарски отпад одложени на јавна површина.
„Од почетокот на месецот март, ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти вкупно 1.260 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје. Најголемо количество непрописно одложен отпад – 280 кубни метри, се отстранети во општината Карпош. Воедно, беа подигнати и транспортирани 6.250 тони мешан комунален отпад од домаќинствата во сите скопски општини“, соопштија од претпријатието.
