|

Јунајтед има нова идеја, тргнуваат по миленикот со кого освоија две титули?!

После вчерашната „бомба“ дека Манчестер Јунајтед е спремен да му парира на Манчестер Сити за Алексис Санчез, денес ново/старо име се поврзува со „ѓаволите“.

Имено, како што пренесува „Мирор“ управата на клубот работи на доведување на Хавиер Ернандез – Чичарито.
Како што пренесуваат медиуми, Мурињо сака да ја засили конкуренцијата во нападот бидејќи Ромелу Лукаку постигна само пет погодоци на 21 натпревар, додека Златан Ибрахимовиќ не е истиот по враќањето од повредата, а утрово се појави и информација дека би можел да се пресели во турски Бешикташ.

Во Јунајтед веруваат дека Чичарито е достапен за сума од 17 милиони фунти колку што клубот од Лондон плати за него минатото лето.

Да потсетиме, Чичарито во Јунајтед помина пет години (2010-2015), а освои две титули во Премиер лигата и еден во Комјунити Шилд.

Извор: Sportski.mk

Слични Објави