| |

КАЦАРСКА: ТРЕБА ДА СЕ ПРОВЕРИ НЕ САМО ИМОТОТ НА СУДИИТЕ, ТУКУ И НА НИВНИТЕ ПОШИРОКИ СЕМЕЈСТВА

Кога постојано и толку многу се зборува за корупција во судството, најверојатно тоа и постои, изјави во емисијата „Стадион“, судиката Добрила Кацарска.

Таа додава дека како судија со долгогодишно искуство секогаш пресудувала врз база на докази и факти, во ситуацијата немала докази, но сепак се сомнева т.е претпоставува дека некои судии се корумпирани.

„Се’ повеќе има сомнеж за многу поголем број на судии кои се корумпирани. Гледаме кој како живее, знаеме каде одиме на годишен одмор, кој судија каде оди на зимување, на скијање во елитните ски-центри.Дел од нас судиите се сомневаме за наши колеги дека незаконско постапуваат“, додава Кацарска.

Во врска со ветингот, таа силно го поддржува тој процес, но гледа дека мегународната заедница е против.

,,Крајно време е да се направи проверка на имотот на судиите, но не само на имотот на сопствено име  туку и на потесното и поширокото семејство, брат ,сестра. .“,вели Кацарска

Според неа платата не е гаранција дека некој судија нема да биде корумпиран.



Слични Објави