|

(Видео) Црна Гора жали за децата кои со автомобилот на смртта паднаа во река, се објавуваат нивни фотографии

Синоќа на патот Рожае-Бач во Црна Гора се случи страотна сообраќајна несреќа во која загинаа три лица, а едно е тешко повредено.

До кобната несреќа дошло кога со автомобилот паднале во реката Ибар.

Трагедијата се случила на место каде што автопатот не е обложен со банкина и е познато по слични несреќи со смртни последици.

На лице место починале малолетните А.М., С.М. и И.Д. Тешко е повреден Ф.Д.(17).

Засега не се познати причините за трагедијата.

Многу сограѓани се простуваат од загинатите млади момчиња, а лекарите се борат за животот на четвртото дете.

Жена од Рожае на социјалните мрежи раскажа дека ја разбудиле полициските сирени и веднаш почувствувала дека во прашање е голема трагедија.

„Рожае не е Њујорк и не сме навикнати да слушаме сирени секоја минута, но оваа сирена ме разбуди вечерва. Во длабочините на мојата душа се молев на бога што и да е, се да биде во ред. За жал не можев да заспијам чекајќи по порталите да видам дали ќе објават нешто.И на моја жалост и на сите граѓани тројца многу млади животи згаснаа на дел од патот каде што слични несреќи се случиле безброј пати, па се прашувам колку животи треба да згаснат, колку животи треба да се жртвуваат и колку мајки треба да плачат за некој одговорен да ги земе работите во своите раце?Или како секое чудо и трагедијата ќе трае три дена и никому ништо и чекај кој ќе го загуби животот потоа?! Господи, помилуј ги“, стои во објавата на потресена Рожачанка.

Нејзината објава набрзо ја споделија многу корисници.

Во Рожае денес и утре се прогласени денови на жалост. Автомобилот во кој загинаа животите на момчињата е извлечен од местото на несреќата.



Слични Објави