КАДИРОВ: Тоа што беше досега ќе им изгледа како детска шега, преминуваме кон нова тактика во операцијата против украинските нацисти

/

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, човек близок до рускиот претседател Владимир Путин, на Телеграм ја објави новата тактика на руските сили во војната против Украина.

– Преминуваме кон нова тактика на специјалната операција против украинските нацисти. Нема повеќе да се занимаваме со нив. Разговарав за сите детали со Магомед Даудов, шефот на Оперативниот штаб на Република Чеченија за спроведување на операцијата, рече Кадиров.

Тој смета дека на тој начин „непријателот ќе се соочи со најтешките последици од новиот план за одмазда“.



– Сите наши досегашни постапки ќе им личат на детски шеги. Наскоро украинските сили ќе бидат многу, многу лоши. Запомнете ги овие зборови – рече Кадиров на својот канал Телеграм.

Претходна статија

Тешко да се најде сирење под 350 или свинско под 400 денари. Нѐ чека зима каква што не сме виделе

Следна статија

Реализирано подводното културно наследство во Охридското Езеро

Најново од Вести