|

„Како да се ограби банка“ нова премиера во Драмски театар

НУ Драмскиот театар Скопје, вечерва (20 ч.) премиерно ќе ја изведе претставата „Како да се ограби банка“ од Сами Фејд, во режија на Иван Манасковски…

Претставата говори за комичноста на комплицираните ситуации во кои се наоѓа обичниот човек. Соочувањето со проблемите на „хероите“ од оваа приказна, е многу различно од односот и пристапот на повеќето луѓе кои чекорат на земјата.
На прв поглед изгледа многу едноставно, но по пат излегуваат многу непланирани проблеми. Посетителите ќе уживаат во инвентивноста на ликовите, па можеби тоа ќе поттикне поинаков пристап кон проблемите во нашите животи.

Актерската екипа на претставата „Како да се ограби банка“ ја сочинуваат: Лазе Манасковски, Марија Кондовска, Гоце Тодоровски, Симон Манасковски, Катерина Шехтанска – Лаковски, Калина Наумовска и Игор Георгиев.

Слични Објави