Претрес во Прилеп, пронајдени муниција и пиротехнички средства, лишено од слобода едно лице
На 29 октомври 2025 година, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода П.В. (40) од Прилеп. Постапувајќи по судска наредба издадена од Основниот суд Прилеп, извршен е претрес во неговиот дом и помошни простории.
При претресот биле пронајдени и одземени 13 боеви куршуми од различен калибар, рамка за пиштол, помошна рамка за куршуми од пушка, 167 пиротехнички средства, 21 парче муниција за гасен пиштол, сигнален куршум, регулатор за гасови за сигнален пиштол, 12 испукани чаури, 64 монети со различна вредност, како и други предмети.
Одземените предмети се соодветно документирани, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против П.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.
