(ВИДЕО) ПЛЕВНЕЛИЕВ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА БГНЕС: НЕМА КАКО ДА ПРИФАТИМЕ ДЕКА СМЕ ФАШИСТИ, ТАТАРИ ИЛИ ОКУПАТОРИ

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев во пространо интервју за бугарската информативна агенција БГНЕС во одговор на прашање поврзано со односите меѓу Скопје и Софија изјави дека Бугарија никогаш нема да прифати дека е фашистичка земја или пак дека Бугарите се татари и окупатори. Според него не можат да се вадат заклучоци од само еден историски период. Плевнелиев подвлекува дека историјата се фалсификува и се премолчува.

loading...

„Нема како во Бугарија да прифатиме дека сме фашисти, бидејќи кај нас никогаш немало фашистичка идеологија. Нема како да прифатиме дека сме татари или окупатори. Нема како да ја гледаме само историјата од 1941 до 1943 или по 1944 и според тоа да правиме заклучоци. Историјата е таква каква што се случила. Никој нема право да ја фалсификува, за жал ние сме сведоци токму на тоа. Историјата се премолчува“, вели Плевнелиев во интервјуто за БГНЕС

Според поранешниот претседател тоа не е добро за идната генерација. Плевнелиев во интервјуто подвлекува дека земји како Унгарија и Словачка или Германија и Франција имале многу потешки историски проблеми, но ги разрешиле преку европскиот приод на работите. Поранешниот претседател е дециден дека вистината е таква каква што е и не може да биде манипулирана.


loading...