КАКО ЈОВИЌ ДОЗНАЛ ЗА ТРАНСФЕРОТ ВО РЕАЛ: ТРГНАВ НА СЕЛО, ПА МИ ЗАВИБРИРА ТЕЛЕФОНОТ…

Лука Јовиќ минатото лето се пресели од Ајнтрахт Франкфурт во Реал Мадрид, а за првпат сега реши да откри што се случувало додека чекал да се реализира трансферот.

Србинот откри дека знаел за трансферот, а возбудувањето било огромно.

„Бев во автомобил, тргнав кон моето село. Ми беше вклучен звучникот на мобилниот телефон, па завибрира и видов на официјалната страна на Инстаграм на Реал Мадрид дека објавиле за трансферот. Не можам да го опишам тоа чувство, бев многу изненаден. Иако и претходно се договорив со Реал, сепак проблем беше откупната цена“, вели српскиот напаѓач.

Малкумина знаат дека Јовиќ има син, кој се ика Давид и нема наполнето ниту една година.

„Останав во добри односи поради Давид со поранешната девојка. Се слушаме секој ден. Ми недостига“, открива Јовиќ.

Јовиќ досега настапи на 11 меча за „кралевите“ и постигна само еден гол.

Извор: Спорт1