| |

КАКО „ЛИЗГАВАТА ЏУЛИ“ УСПЕА ДА СЕ ЗБОГАТИ ОД ПАНДЕМИЈАТА НА ШПАНСКИОТ ГРИП ПРЕД 100 ГОДИНИ

Во септември 1918 година, полицијата во Чикаго уапсила една млада дама во фоајето на хотелот „La Salle“. Обвинението е дека таа успеала да подигне готовина од чекови што ниту една од нејзините жртви не ги напишала. Осомничената била однесена во полициската станица, но успеала да избега и никогаш не одговорила на прашањето како ги добила тие чекови. Ова е приказната на Џулија Лајонс, позната и како „Лизгавата Џули“.
23-годишната убавица сакала да носи дијаманти, кожни палта и да се покрива со накит од главата до петите. Парите за мераците на Џули доаѓале од една многу интересна но незаконска активност – таа се преоблекувала како медицинска сестра глумела дека се грижи за пациенти со шпански грип. За време на епидемијата од шпански грип, ниту една медицинска сестра немала време да врши домашни посети, но за Џули тоа не било проблем бидејќи таа самата не припаѓала реално во тимот на ниту една тогашна болница.

Нејзината прва работа била да пронајде богати пациенти и да собере сè што имаат, бидејќи таа не можела и да им „помогне“ на било кој друг начин. Пред да ги започне грабежите од заболените, дамата одела во скапите населби на Чикаго и со својата најшармантна насмевка ги нудела своите услуги на богатите семејства. Никој не се посомневал во неа, но бидејќи таа самата не знаела како точно да се грижи за своите клиенти, за жал повеќето од нив починале.

Скоро сто години пред да се појави коронавирусот, шпанскиот грип успеал да ја предизвика смртта на повеќе од половина милион жртви во САД и околу 50 милиони низ целиот свет. И, како што обично се случува, медицинските сестри секогаш се во првите редови да им помогнат на жртвите. Сепак, и тогаш за време на пандемијата биле потребни колку што е можно повеќе луѓе, бидејќи и во тоа време имало недостаток на персонал. Лизгавата Џули побрзала да ја искористи оваа можност. Никој немал време да ги тестира нејзините вештини, па откако се запишала во матичниот регистар на медицински сестри, таа почнала да прима податоци за заболени но секогаш ги одбирала богатите пациенти.

Џулија имала потреба само од медицинска униформа како единствена инвестиција во оваа измама, што не било тешко да се најде. Џули на своите пациенти им продавала боци со кислород од 5 долари, за 63 до 85 долари, во зависност од тоа колку богат е пациентот. Во една од куќите, покрај парите, таа успеала да украде и два прстени, скап фустан и друг накит. Според истрагата, Џули имала соучесник кој ја снабдувал со лекови и друг медицински потрошен материјал.

Тој обично пишувал лажни рецепти, покрај оригиналните, за измамата да изгледа пореална.

По ноќта во која лажната медицинска сестра избегала, полицијата дознава дека следна мета на Џули ќе биде богат сопственик на ресторани познат како Чарли Гркот.

Полицијата ја пронаоѓа Џули и таа треба да плати огромната за тоа време кауција во висина од 13 илјади долари. Според полицијата нејзини станале повеќе од 50 богати граѓани на Чикаго.

Џули успева да им избега уште еднаш на полицајците додека самиот шериф ја носи со полициски автомобил без ознаки до банка за да може таа да извади пари за да си ја плати кауцијата.

После тоа бегство Џули е недостапна за органите на прогонот речиси цела една година, која младата убавица успева да се омажи и дури да замине на свадбено патување со својот сопруг.

Џули е пронајдена сосема случајно за време на рутинска проверка на станови во скапиот Фулертон булевард.

Исправена пред судијата Џули вели дека била приморана да ги врши овие измами бидејќи група мафијаши од градот и се заканувале по животот. Откако оваа верзија не издржала пред судските органи, таа се обидела да се претстави како луда, но и тоа не и помогнало.

Џулија Лајонс позната како „Лизгавата Џули“ е осудена на 10 години затвор за сите измами извршени од неа. До ден денеска, е непознато колку точно пари успеала да украде од богатите граѓани на Чикаго, кои во времето на пандемијата на шпанскиот грип имале потреба од медицинска нега.

Извор: Chronicle.bg

Слични Објави