|

„Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате“, „Овој срам никогаш нема да си го испереме!“, доктори згрозени по случајот „Онкологија“

Поради случувањата на Клиниката за онкологија по објавите на неделникот „Фокус“ дека на пациентите им биле давани физиолошки раствори, а скапите лекови против канцерогинете заболувања завршувале на црниот пазар, на социјалните мрежи со свој став излегоа доктори, згрозени од целиот случај.

„Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате“, прашува д-р Нико Беќаровски за групата монструми „затскриена во бели мантили“.

Според докторот Драган Даниловски, овој срам никогаш нема да се „испере“.

„Во крајна линија, ова е пораз и срам (и) за нас, професорите на Медицинскиот факултет. Зашто, сите овие што ги фатија „со рацете во медот“ биле наши студенти. На кои не сме успеале да им вградиме основни етички принципи. По ѓаволите, ќе да беа залудни сите мои 40 години стаж…“, пишува Даниловски.

„Јас денес со крената глава и насмевка ќе се појавам пред пациенти, секој нека си го носи сопствениот срам, цел живот го вложив за тој мантил со достоинство да го носам“, напиша Ненад Лазаров и порача дека денеска ќе се појави на протестот пред Влада.

Слични Објави