Каракачанов: Новата влада ќе попушти пред притисокот на САД за РС Македонија
Лидерот на ВМРО БНД Красимир Каракачанов во интервју за бугарскиот портал „Епицентар“ вели дека по изборите во Бугарија на 14 ноември, ништо нема да ја спречува службената или новата Влада да направат „божиќен подарок“ на бугарскиот народ, попуштајќи пред притисокот на САД за стартот на преговорите на РС Македонија со ЕУ.
Во интервјуто Каракачанов ја нарекува скандалозна изјавата на специјалниот пратеник на САД за земјите од Западен Балкан, Габриел Ескобар, дека е „погрешно Бугарија да користи билатерален договор за да го запре стремежот на РС Македонија кон ЕУ“.
Според лидерот на ВМРО-БНД, логиката на САД дека ако РС Македонија стане дел од ЕУ ќе запре руското влијание на Балканот е наивна, бидејќи и Србија води преговори со ЕУ, но таму руското влијание не е намалено туку напротив. Како што вели Каракачанов, Србите купуваат руски авиони, руски ракетни системи и учествуваат во руски воени вежби.