КАРАКАЧАНОВ САКА ДА ГО ОТКУПИ СПОМЕНИКОТ НА БОРИС САРАФОВ „ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕТОПЕН КАКО СТАРО ЖЕЛЕЗО“

Каракачанов на својот Фејсбук профил реагира на објавата од скопскиот градоначалник Петре Шилегов за промена на имињата на неколку улици во градот и вели дека не е изненадување што во Скопје ќе има улица што ќе го носи името на Ленин и други „подобни“ личности.

loading...

„Сегашната скопска елита е творба во духот на ленинизмот и уште повеќе, на сталинизмот. Така што, наскоро во Скопје може да има и улица ‘Сталинова‘. Како тргнало, тоа време не е далеку. Ако веќе не е дојдено.

Интересно е зошто се менува името на улицата ‘Борис Сарафов‘. Таа улица нема да го носи името на револуционерот кој заедно со Анастас Лозанчев и Даме Груев беше во штабот на Илинденското востание. А за Борис Сарафов немаше сомневање дека е Бугарин, како и останатите во тоа востание. Дали точно тоа не е причина за промена на името? Тој е воен раководите на Илинденско-Преображенското востание во битолскиот револуционерен округ, а единствената ‘вина‘ за оние во Скопје очигледно му е што е Бугарин и што е офицер на бугарската армија. Да ги потсетам и дека заедно со Гоце Делчев, Борис Сарафов е питомец во бугарското воено училиште во Софија. Со каков аршин мерите? За едниот објавувате дека е Македонец, а неговиот ‘брат‘ Борис Сарафов демонстративно го исфрлате од историјата?

Ако таквите како сарафов се проблематични за Скопје, зошто тогаш толку настојувате за историското наследство од 1903 година?


loading...

„Откако неговиот споменик беше тивко отстранет пред извесно време, ова е втор јасен гест од властите во Северна Македонија. Каква друга причина би имале да се срамат од Сарафов освен што е Бугарин?

Уште еднаш апелирам до надлежните во Скопје: ВМРО-БНД е подготвена да го купи отстранетиот споменик на Борис Сарафов, кој до неодамна чекаше во дворот на леарницата во градот да се стопи како старо железо“, пишува Каракачанов.