Каракамишева: Никогаш нема да забораваме што ни правеа, доаѓа време на одговорност
Универзитетската професорка Тања Каракамишева на својот фејсбук-профил посочува дека не смеат да се заборават злоделата што ги направиле сите членови на актуелната влада. Таа најавува дека следува време во кое секој од нив ќе треба да соочи со одговорноста, а оставката не смее да биде претпоставка за амнестија.
„Оставка не значи неодговорност. Нема никогаш да заборавиме што ни правеа! Нè малтретираа со лажни кривични пријави, ни пуштаа полицајци дома како да сме најголеми криминалци, ни крадеа по домовите, не прислушуваа, нè следеа, ни се закануваа и ред други гнасни фашистички злодела. Сето тоа беше нивна нарачка, сето тоа имаше цел – да нè исплашат, да нè обесхрабрат! Доаѓа време на одговорност!!!“, пишува Каракамишева.
Таа бара од опозицијата денеска да биде максимално будна и фокусирана на чл. 219 од Деловникот за работа на Собранието. бидејќи оставката на Заев мора да биде поднесена во писмена форма до спикерот на парламентот.
„Ајде твитер-заедницо, максимален притисок да ја видиме писмената оставка на Заев во Собрание! Денеска!!“, напишала таа на својот налог на оваа социјална мрежа.
Опозицијата денес да биде будна и со фокус на чл.219 од Деловникот, ЈАВНОСТА да знае дека оставката на Заев МОРА да биде поднесена ДЕНЕС во ПИСМЕНА ФОРМА до претседателот на Собранието! Ајде твитер заедницо, МАКСИМАЛЕН ПРИТИСОК ДА ЈА ВИДИМЕ ПИСМЕНАТА ОСТАВКА НА ЗАЕВ ВО СОБРАНИЕ!— Тања Каракамишева Tanja Karakamisheva (@TKarakamisheva) November 1, 2021