| |

Карлос Насар го израмни својот светски рекорд во кревање тегови со 185 килограми во дисциплината исфрлување

Бугарскиот олимписки шампион Карлос Насар подигна 185 килограми во движењето исфрлување на првиот настап сезонава во германската Бундеслига. Со тоа го израмни својот официјален светски рекорд, поставен на Светското првенство во Нингбо, објави бугарскиот портал „Актуално“.

На дуелот на неговиот клуб Мутерштат против Гринштат, Насар ги реализираше сите три обиди. Прво подигна 175 килограми, потоа 180, а во последниот обид го израмни рекордот.

Една недела претходно, на меморијалниот турнир „Милен Добрев“, Насар подигна 190 килограми во истата дисциплина. Резултатот не е официјално признат бидејќи турнирот не е дел од календарот на Меѓународната федерација за кревање тегови.

Насар ги пропушти првите две кола од Бундеслигата поради повреда и подготовките за Светското првенство. Во почетокот на декември повторно ќе настапи за Мутерштат како дел од подготовките за првиот квалификациски турнир за Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Слични Објави