| |

КАТАСТАРОТ ЌЕ ИСПРАВА ГРЕШКИ ЗА СОСОПСТВЕНИЧКИ ДЕЛОВИ НА ИМОТЕН ЛИСТ

Катастарот ќе ги исправа грешките настанити при впишување на правата на недвижностите во имотните листови на граѓаните, до кои дошло при преклопот на дигиталните со аналогните планови. Поради таквите грешки, на имотни листови, на територијата на Скопје во населбите Ѓорче Петров, Драчево, Волково, Сарај, но и во други делови на државата, се јавуваат и повеќе сопственици на една парцела. Има примери кога за земјиште од 500 квадрати се јавуваат и по 20 сопственици.

Со измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности од 18 јуни годинава, за коишто во изминатите две недели се завршени и подзаконските акти, граѓаните веќе да достават барање до катастарот кој бесплатно ќе ја поправи грешката. Со тоа ќе се отстранат ограничувањата за располагање со земјиштето, тоа да се дава на подарок, да се продава, да се става под хипотекa.

Станува збор за измени на грешки што се направени при примена на различни техноогии, односно воспоставување и запишување на правата врз основа на дигитален премер и дигитални катастарски планови во однос на аналогните планови односно податоците од катастар на земјиште. Притоа се настанати многу грешки кои имаат направено голем број проблеми во самите имотни листи во делот на сопственичките права односно во листот А каде се запишани правата на недвижности.

Со измените на законот се нуди решение и за проблемот на впишување сосопственички дел на имот во сопственост на државата. Тоа е направено исто така при воспоставување на катастарот на недвижности, во случаи кога граѓаните намерно или случајно узурпирале дел од државен имот и тој дел сега е запишан во нивниот имотен лист без можност за решавање.

Државата по службена должност ќе го одвои нејзиниот дел за да може граѓаните слободно да располагаат со имотниот лист и да го употребуваат за други постапки, како договори за подарок, купопродажба, ставање под хипотека. Сега за такво нешто треба да се обебзбеди согласност или првин да се понуди на сосопственикот кој во парцелата има на пример 10 квадрати.

Слични Објави