| |

КАТИМЕРИНИ: ПОМОРСКИТЕ ЗОНИ ЗА КОИ ПРЕГОВАРААТ ТУРЦИЈА И ЛИБИЈА ЌЕ ДОБИЈАТ ОФИЦИЈАЛЕН КАРАКТЕР ОД ООН

Атина се подготвува да ги објави географските координати предвидени со Договорот за поморско разграничување потпишан меѓу Турција и либиската влада со седиште во Триполи на 29 ноември 2019 година, од страна на „Меѓународниот орган на Обединетите нации за морско дно“, одговорно за спроведување на Женевската Конвенција за законот на морето, пишува електронското издание на грчкиот весник „Катимерини“.

Вклучувањето на мапите на меморандумот за морските области во базата на податоци на ООН ќе им даде официјален карактер, што ја загрижува Атина, која се подготвува за последиците.

Грција, која е географски лоцирана помеѓу Турција и Либија, цврсто го прогласи меморандумот за незаконско и манифестирано кршење на нејзиниот суверенитет.

Турција, од своја страна, потенцира дека објавувањето на мапите на ООН во суштина ќе го направи меморандумот официјален и ќе го отвори патот на Анкара да започне со истражување на природните ресурси во поморските области, наведени во договорот, како дел од Исклучителната економска зона на Турција, вклучително со областите околу Јужен Крит.

Слични Објави