|

КАЗНЕТИ НАД 100 ВОЗАЧИ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ ВО СКОПЈЕ

Во текот на изминатите денови три дена (7, 8 и 9.06.2019 година) на подрачјето на Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 109 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 51 возач од кои: 48 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило и тројца возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 33 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се 16 возачи поради поминување крстосница на црвено светло, осум возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување, 28 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 14 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 29 возачи поради користење мобилен телефон при управување на возило.

Санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 191 мандатен платен налог и 90 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Извор: Макфакс

Слични Објави