|

Во ЕУ почна примената на дигиталните ковид-сертификати, досега се издадени 200 милиони потврди

Во Европската Унија од денеска се користат дигиталните ковид-сертификати, кои треба да го олеснет движењето на патниците во границите на Унијата.

Во Брисел наведуваат дека сите земји членки на ЕУ се технички подготвени да се поврзат со заеднички систем за препознавање на сертификатите и дека сите, освен Ирска, се во состојба да издаваат нови здравствени документи.

Иако регулативата стапи на сила денеска, 21 земја членка почнаа да издаваат документи уште во јуни, заедно со Норвешка, Лихтенштајн и Исланд, а досега се издадени повеќе од 200 милиони сертификати.

Новите ковид-сертификати се достапни во дигитална или хартиена форма и содржат барем еден од трите типа на информации – за вакцинација против Ковид-19, поседување антитела по закрепнување од болеста и тестирање кое може да биде со антиген или ПЦР-тест.

Сертификатите во моментов се издаваат на граѓани на земји членки на ЕУ, Швајцарија, Лихтенштајн, Исланд и Норвешка, а исто така може да ги добијат и државјани од трети земји кои имаат право да престојуваат или патуваат во ЕУ.

Слични Објави