|

КАЗНИ ЗА НЕНОСЕЊЕ НА МАСКИ ОД 1 МАЈ

Живот под заштитна маска и дистанца од 2 метри. Дваесет евра ќе треба да плати секој граѓанин од Први мај кој нема да носи заштитна маска, пренесува Канал 5.

Велат не е проблем да носат заштитни маски ако здравствените експерти одлучиле дека тоа е за заштита на колективното здравје.

Грашѓаните со кои поразговаравме велат дека и без наложување на мерки од Владата треба да се носат заштитни маски како би се заштителе од понатамошно ширење на вирусот.

Заштитни маски според насоките на Владата не треба да носат луѓето на велосипед, но сепак и тие одлучиле да носат. Заштитни маски треба да носат од петок и тие кои што чекаат автобус на постојките за што се препорачува и растојание од 2 метри. Во маркети и пазари, банки и автобуси маските ќе станат секојдневие на граѓаните а според Владата тоа е поради заштита на колективното здравје.



Слични Објави