| |

КЦ „Иван Михајлов“: Молкот на институциите за српската прослава во Битола и на Кајмакчалан е доказ за длабок „Стокхолмски синдром“

Културниот центар „Иван Михајлов“ објави реакција на својата официјална страна на социјалната мрежа Facebook поврзана со прославата на битката кај Кајмакчалан од страна на официјални лица од Република Србија. Тие во своите говори го претставија Кајмакчалан како „порта на Србија“ и „симбол на слободата“.

Ви ја пренесуваме реакцијата на КЦ „Иван Михајлов“ интегрално и без уредничка интервенција:

„Срамота и понижување за нашата земја! Српските државници на оваа територија, во Битола и на Кајмакчалан, со церемонии го славеа освојувањето и го величеа „крвникот“ Војвода Вук – фигура која оставила траги од насилство и страдање врз народот што тука живее. Кајмакчалан беше претставен како „порта на Србија“ и „симбол на слобода“, додека во вистината тоа беше порта за окупација и продолжување на туѓа хегемонија, а не за никакво вистинско ослободување.

Српската политика јавно вели: „каде што има српски гроб – таму е Србија“. Наместо јасен одговор и заштита на сопственото достоинство, локалните институции и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, молчат и дури учествуваат во овој пропаганден театар. Тоа молчење е доказ за длабок **Стокхолмски синдром**, за елита која наместо да го брани народот и историјата, слугински му служи на „српскиот свет“.

Ова е национално понижување и предавство кон жртвите и споменот на оние што пострадаа на оваа земја“, стои во реакцијата објавена на социјалната мрежа Facebook.



Слични Објави